СЛЕДНИ НАСТАНИ

Сашо Ристовски 

Роден е 21.02.1980 година во Скопје.

Дипломирал на Нов бугарски универзитет – Софија, Република Бугарија.

На 17 ноември 2017 од страна на Министерството за култура на Република Македонија е назначен за в. д. директор на НУ Театар Комедија.

Од  5 јуни до 1 октомври е советник во Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми во Владата на Република Македонија.

Од  4 август 2017 година е член на ансамблот на НУ Театар Комедија Скопје.

Во периодот 2013-2017 година е член на ансамблот на Охридскиот театар – НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

Од 2004 е еден  од основачите на  приватниот театар Театар Крик Скопје.

Има остварено над 50-тина театарски улоги како во националните установи така и на независната и алтернативна театарска сцена.

Има остварено над стотина улоги во ТВ серии, а има снимано и за продукцијата на ХТВ во Република Хрватска.

Семинар за осознавање на телото и движење, Театар Бонд – САД, 2002, Театар на народностите и Театар Боеми – Скопје.

Акција за граѓанство преку театар – фасилитатор по драмска и танцова работилница, 2002, НВО Крик, Италија и Детска амбасада – Меѓаши.

Има посетувано низа семинари и работилници за менаџмент во културата.

 

Во „Театар Провокација“ игра во претставата: