СЛЕДНИ НАСТАНИ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 22 апр. 2024, 09:30 / 11:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 23 апр. 2024, 09:00, 10:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ

„КАКВА ТИ Е ЖЕНАТА ТАКОВ ТИ Е ЖИВИТОТ“

е претстава која сериозно влијае на психо-физичката состојба на целиот организам.

Предизвикува болки во стомакот од смеење, предизвикува големо количество на солзи од смеење, а постои и можност за губење на гласот од силно смеење.

Оваа претстава ќе ве натера добро да размислите за себе си  и светот кои ве опкружува.

Ние сме генерација која не сака врска...

Листаме по апликациите со надеж дека ќе ја пронајдеме вистинската личност. Би сакале „on-line“ да си ја нарачаме својата сродна душа. Ги читаме „5-те начини како да му/и се допаднеш“ и  „7-те начини како да ја/го освоиш“, мислејќи дека можеме да ја програмираме личноста за врска , како проект на интернет.

Сепак, ние сме оние кои не сакаат врска.

Сакаме фасада на врската без труд, држење за раце без гледање во очи, одолговлекување без сериозен разговор, ветување без вистинска посветеност. Сакаме да славиме годишнина, без оние 365 дена кои водат до неа.

Играме игри без победник и на крајот остануваме сами. Сакаме љубав како на филм, но не правиме ништо.

Дали сакаме да не сакаат или сакаме да сакаме? Колку бракот го менува односот помеѓу двајца луѓе и самата врска? Што е потребно за хармоничен брак?

Одговорите не повеќето прашања за односот помеѓу мажот и жената,  на еден оригинален и свој специфичен начин ги дава, Драган Марковиќ Маца.

Ова е претстава која ќе ве расположи, насмее, забавува и сигурно нема да Ве остави рамнодушни.

ИГРА: ДРАГАН МАРИНКОВИЌ - МАЦА