СЛЕДНИ НАСТАНИ

ЦРКНИ – продукција ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА

Режија: Ѓорѓи Ризески

Играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски.

Сценографија:Роберт Ристов

Автор на плакат и ликовно сценски решенија: Игор Љубовчевски Љубац

 

„ЦРКНИ“ е насловот на најновата хит- комедија на ТЕАТАР Провокација.

Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски, во моментите кога си дозволуваме  да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите  и средствата, само за да излеземe во право, во кои целиме што повеќе да повредиме, бидејќи се чувствуваме повредено. За брак во кој овој тип на комуникација е прифатена за секојдневие.

Тој – хроничен алкохоличар, таа- хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.