СЛЕДНИ НАСТАНИ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 16 дек. 2025, 12:00 часот ДК „Злетовски рудатр“ - ПРОБИШТИП КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 18 дек. 2025, 10:00 часот ВИНИЦА КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 20 дек. 2025, 12:00 часот КОЧАНИ (откупена) КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 22 дек. 2025, 10:00 часот Св. Николе (откупена) КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 23 дек. 2025, 10:00 часот СКОПЈЕ КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 27 дек. 2025, 12:00 часот ТЕАТАР КОМЕДИЈА -Скопје КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 28 дек. 2025, 11:00 часот СКОПЈЕ (откупена) КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 29 дек. 2025, 12:00 часот СКОПЈЕ (откупена) КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 30 дек. 2025, 13:00 часот ОХРИД (плоштад) КУПИ БИЛЕТ

„КАКО ДА ГО ЗАДРЖАМ ДЕДО МРАЗ КАЈ НАС“

 

Најновата урнебесна комедија за деца на Театар Провокација „ Како да го задржам Дедо Мраз кај нас“, е новогодишна бајка, која ни говори за две дечиња – братче и сестриче кои со нетрпение го очекуваат големото доаѓање на Дедо Мраз, не само за да им донесе подарок, туку и за да се подружат со него, да разговараат и горделиво да се пофалат што промениле во своето однесување од минатата година, но секако не пропуштајќи да си кажат што очекуваат од него за подарок и во наредната година.

На децата им е толку убаво со Дедо Мраз во нивниот дом. Кројат план како да го здржат, за тој миг да трае вечно. Одлучуваат да направат се што е потребно за тој да остане со нив и заедно да си ја прослават Новата година. Но не е се така едноставно... Почнуваат да прават се на што ќе се сетат во моментот: го заклучуваат во домот и се преправаат дека не знаат каде е клучот- но безуспешно, му ги кријат чизмите за да не може да замине – повторно неуспешно,за да на кранјот одлучуваат да ги свртат стрелките на часовникот, да го вратат времето и Дедо Мраз да остане кај нив.

Што ќе се случи понатаму? Дали Дедо Мраз ќе  остане да ја помине Новата Година кај децата, дали ќе успее да ги израдува и другите деца со подароци или не, останува да ја погледнете детската комедија Како да го задржам Дедо Мраз.

Дедо Мраз во оваа претстава не е само лик кој се појавува и заминува, Дедо Мраз е лик кој од самиот почеток, па се до крајот на претставата е присутен на сцената, така да дечињата во публиката ќе можат да комуницираат со него и да му се радуваат од самиот почеток па се до крајот.