СЛЕДНИ НАСТАНИ

За Нас

 

 

К Р А Т К А    Б И О Г Р А Ф И Ј А    НА   Т Е А Т А Р   П Р О В О К А Ц И Ј А

            

                                                           

ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА - Скопје  е независен театар формиран во 2019 година од страна на Роберт Ристов и Мирјана Ристов.

Управител на театарот е актерот и режисер, м-р Роберт Ристов.

Една од главните мисии, а воедно и практика на театарот, е организирање на претстави во внатрешноста на Р. Македонија, со што активно учествуваме во процесот на децентрализацијата на кулрурата и уметноста.

Она што овој театар го прави поразличен од другите е практиката да ангажира и промовира млади талентирани актери, давајќи им шанса да бидат видени и да се докажат пред јавноста во претставите на Театар Провокација.

Претставите за најмладата публика, се сегментот на кои овој тетар посветува посебно внимание.

Театарот на годишно ниво, продуцира по една до две вечерни претстави и две претстави за деца.

 

МEЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Меѓународната соработка е уште една, за нас - многу важна мисија, на која работиме со голема посветеност.

Истата ја негуваме со организирањето на двата меѓународни театарски фестивали и со честите гостувања низ регионот.

 

ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА Е ОРГАНИЗАТОР НА ДВА ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛА:

1. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА БАЛКАНСКАТА НЕЗАВИСНА ТЕАТАРСКА СЦЕНА - ПРОВОКАЦИЈА 

Театар Проовокација во Август 2021 (27.08 до 01.09.2021)  го организираше ФЕСТИВАЛОТ НА БАЛКАНСКАТА НЕЗАВИСНА ТЕАТАРСКА СЦЕНА – ПРОВОКАЦИЈА под покровителство на Општина Гази Баба.

На истиот земаа учество независни театри од баланските држави: Македонија, Србија, БиХ, Бугарија и Хрватска.

2. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУОДРАМА „БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО (под покровителство на Општина Неготино)

 

ГОСТУВАЊА НИЗ РЕГИОНОТ: 

Театар Провокација освен низ Македонија има гостувани и во: Белград, Шид, Топола, Нови Сад, Бихаќ, Сарево,  Бања Лука, Вараждин, Рума, Шабац, Прњавор, Врање.

 

СТАТИСТИКА ЗА ПОСЕТЕНОСТ:

  • Во  2019 г Театар Провокација низ републикава има изведено вкупно:  64 изведби (на претстави за деца и возрасни) и истите беа проследени од вкупно:  11.697 гледачи (деца и возрасни)
  • Во 2021г. театрот ги продуцираше претставите ОЖЕНИ МЕ И РАЗВЕДИ МЕ (и заради COVID-пандемијата и забраните за посета на театар, како и сите останаати театари неможевме да се пофалиме со голем број на изведби. Вкупниот број на одиграни претстави е 10 изведби
  • Во 2022 г. и покрај периодичните забрани заради пандемијата, одигравме вкупно 45 изведби.
  • Во 2023 годиграни се 133 изведби на претставите Разведи ме (11), Пациенти (10), Ожени ме (2), Јас сум Акико (7), Зеленковци (19), ДРУГАРСТВО (45), Веселиот Дедо Мраз (39)

 

УЧЕСТВО НА ФЕСТИВАЛИ:

  • 2018 „Првин ќе ме земеш после ќе ме...“ во режија на: Ѓорѓи Ризески / ФКТ „РИСТО ШИШКОВ“ - Струмица
  • 2019 „Првин ќе ме земеш после ќе ме...“ во режија на: Ѓорѓи Ризески /  „БИХАЧКО КУЛТУРНО ЛРТО“- Бихач / Б и Х
  • 2020 „Првин ќе ме земеш после ќе ме...“ во режија на: Ѓорѓи Ризески / М.Т.Ф. “ГОЛА МЕСЕЧИНА“– Скопје /Макединија
  • 2021 „Зеленковци’ во Режија на Роберт Ристов /Т.Ф. „ МАЛИОТ ПРИНЦ“ – НУЦК „Ацо Шопов“ -Штип/ Македонија
  • 2021 „Првин ќе ме зенеш после ќе ме...“ во режија на: Ѓорѓи Ризески/ М.Т.Ф. „Св, ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“- Крива Палнака /Македонија
  • 2021 „Ожени ме“во Режија на Роберт Ристов/ I-ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА БАЛКАНСКАТА НЕЗАВИСНА СЦЕНА-ПРОВОКАЦИЈА
  • 2021 „Разведи ме“ во Режија на Роберт Ристов/ „ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС“ – Д.К. Тошо Арсов – Виница / Македонија
  • 2022 „Разведи ме“ во Режија на Роберт Ристов / „13-ти ТЈЕДАН СМИЈЕХА“ - Вараждин, Р.Хрватска 
  • 2022 „Разведи ме“ во Режија на Роберт Ристов / 9-ти ФЕСТИВАЛ НА ДУОДРАМАТА -ТОПОЛА , Р.СРБИЈА
  • 2022 „Разведи ме“ во Режија на Роберт Ристов / 30-ти ФКТ „РИСТО ШИШКОВ“ - Струмица
  • 2022  „Пациенти“  во режија на: Ѓорѓи Ризески/ IN VINICA VERITAS - Виница
  • 2022  „Разведи ме“ во Режија на Роберт Ристов / МТФ „ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ - Крива Паланка
  • 2022 „Пациенти“  во режија на: Ѓорѓи Ризески/„ДРОМ ФЕСТ“,  Општина Аеродром/Скопје
  • 2023 "Разведи ме“ во Режија на Роберт Ристов /АРТ ТРЕМА ФЕСТ -Рума, Р.Србија

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:

  • Нагрда НАЈДОБРА СЦЕНОГРАФИЈА, доделена од старна на публиката, му се доделува на Роберт Ристов за претстават РАЗВЕДИ МЕ на Арт Трема Фест - Рума, Р.Србија. 2023 год
  • Награда -  НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА, за претставта „РАЗВЕДИ МЕ“ во режија на Роберт Ристов, на Фестивалот на дуодрамата -ТОПОЛА, Р.СРБИЈА/ 2021 г
  • Награда – НАЈДОБАР АКТЕРСКИ ПАР доделени на Изанела Јакимова и Бранко Атансов за улогите во „ОЖЕНИ МЕ“ во режија на Роберт Ристов на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ДУОДРАМА „БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО / 2021 г.
  • Наградата – НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА, доделена на актерот Роберт Ристов, за улогата - Ѓорѓи Мучев, во претставата ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ... во режија на Ѓорѓи Ризески. од страна на  интернационалното жири на НЕТА, на ФКТ „РИСТО ШИШКОВ“ - Струмица./2018

                        

ПРОМОТИВНИ ВИДЕА ОД ПРЕТСТАВИТЕ НА ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА:

 

 

 

 

 

 

ПЛАКАТИ: