СЛЕДНИ НАСТАНИ
КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ 05 окт. 2026, 10:30 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ 08 окт. 2026, 09:00,10:00 часот Свети Николе КУПИ БИЛЕТ

КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ
(Понуда за детска недела)


„Кралот со различни чевли“ е динамична, исклучително поучна, хумористична и интерактивна детска претстава, создадена да ги забавува најмладите, но истовремено преку игра, музика и комични ситуации да им пренесе важни животни пораки.
Претставата на забавен и разбирлив начин ги обработува темите за личната хигиена, здравите навики, скромноста, умереноста и вистинските човечки вредности, наспроти лакомоста,самобендисаноста и суетата.

... Поради храброста, скромноста и неговите доблести, храбриот војсководач Марко е избран и крунисан за новиот цар на царството.
Но, веднаш штом ќе седне на престолот, моќта, раскошот и удобноста почнуваат да му го менуваат карактерот.
Марко постепено станува опседнат со својот изглед и скапата облека, а целосно ја запоставува личната хигиена. Одбива да се бања, со денови не си ги мие забите и за да го прикрие лошиот здив постојано јаде бонбони. Верува дека скапата и сјајна кралска наметка може да го прикрие недостатокот од редовно капење и личната хигиена.
Покрај него се двете дворски дами, негови верни советнички. Едната го потсетува на вистинските животни вредности - скромноста, чесноста и добрината, додека другата постојано го поттикнува на раскош, расипништво и расфрлање на кралското богатство, убедувајќи го дека мора да биде најубавиот, највпечатливиот и најпосебниот крал од сите кралеви.
Заблуден е од потребата да биде посебен и да се издвојува од сите, на нозете облекува различни чорапи, различни чевли.... За да на крајот во јавноста се појави во светликави пижами и биде исмејан од сите.
Токму тогаш Кралот Марко ја добива својата најважна лекција.
Тој сфаќа дека круната, раскошот, накитот и кралската функција не значат ништо доколку човекот ги заборави добрината, скромноста, хигиената и почитта кон другите.
По низата смешни и поучни ситуации, тој повторно станува чист, уреден и, пред сè, храбар, чесен, скромен и доблесен владетел.

Во претставта играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Сема Орманчи.
Режија: Роберт Ристов

Продукција: Театар Провокација - Скопје