СЛЕДНИ НАСТАНИ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 04 окт. 2023, часот Кавадраци КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 05 окт. 2023, часот Кавадарци КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 06 окт. 2023, часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 08 окт. 2023, 11:00 часот Фестивал Mmilk & Blues - Скопје КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 09 окт. 2023, часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЈАС СУМ АКИКО ЈАС СУМ АКИКО 12 окт. 2023, часот Живинице БиХ КУПИ БИЛЕТ
ОЖЕНИ МЕ- Две нијанси црвена ОЖЕНИ МЕ- Две нијанси црвена 16 окт. 2023, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
 РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 17 окт. 2023, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
ПАЦИЕНТИ ПАЦИЕНТИ 18 окт. 2023, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 19 окт. 2023, часот М.каменица КУПИ БИЛЕТ
ПАЦИЕНТИ ПАЦИЕНТИ 25 окт. 2023, 20:00 часот Свети Николе КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 26 окт. 2023, часот Skopje КУПИ БИЛЕТ

„КАКО ДА ГО ЗАДРЖАМ ДЕДО МРАЗ КАЈ НАС“

 

Најновата урнебесна комедија за деца на Театар Провокација „ Како да го задржам Дедо Мраз кај нас“, е новогодишна бајка, која ни говори за две дечиња – братче и сестриче кои со нетрпение го очекуваат големото доаѓање на Дедо Мраз, не само за да им донесе подарок, туку и за да се подружат со него, да разговараат и горделиво да се пофалат што промениле во своето однесување од минатата година, но секако не пропуштајќи да си кажат што очекуваат од него за подарок и во наредната година.

На децата им е толку убаво со Дедо Мраз во нивниот дом. Кројат план како да го здржат, за тој миг да трае вечно. Одлучуваат да направат се што е потребно за тој да остане со нив и заедно да си ја прослават Новата година. Но не е се така едноставно... Почнуваат да прават се на што ќе се сетат во моментот: го заклучуваат во домот и се преправаат дека не знаат каде е клучот- но безуспешно, му ги кријат чизмите за да не може да замине – повторно неуспешно,за да на кранјот одлучуваат да ги свртат стрелките на часовникот, да го вратат времето и Дедо Мраз да остане кај нив.

Што ќе се случи понатаму? Дали Дедо Мраз ќе  остане да ја помине Новата Година кај децата, дали ќе успее да ги израдува и другите деца со подароци или не, останува да ја погледнете детската комедија Како да го задржам Дедо Мраз.

Дедо Мраз во оваа претстава не е само лик кој се појавува и заминува, Дедо Мраз е лик кој од самиот почеток, па се до крајот на претставата е присутен на сцената, така да дечињата во публиката ќе можат да комуницираат со него и да му се радуваат од самиот почеток па се до крајот.