СЛЕДНИ НАСТАНИ
ПАЦИЕНТИ ПАЦИЕНТИ 29 фев. 2024, Четврток 20:00 часот ДК Гостивар КУПИ БИЛЕТ
 РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 18 мар. 2024, 20:00 часот Понеделник НУ Театар Комедија КУПИ БИЛЕТ
ПАЦИЕНТИ ПАЦИЕНТИ 22 мар. 2024, Петок 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
ОЖЕНИ МЕ- Две нијанси црвена ОЖЕНИ МЕ- Две нијанси црвена 25 мар. 2024, Понеделник 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ

        ВЕСЕЛИОТ ДЕДО МРАЗ е претстава која нуди забава, игра и смеа, но при тоа,  не изоставувајќи ги и едукативните моменти. Ова е еднa од ретките Новогодишни претстави,  во кои Дедо Мраз е присутен на сцената од почетокот па се до крајот на претставата. Интерактивниот пристап на актерите од оваа претстава, подразбира и комуникација на Дедо Мраз со публиката/дечињата, што значи многу често обраќање и консултирање со нив, за тоа како заеднички да се справат со големиот проблем со кои се соочуваат пред самата Новогодишна ноќ и како да се надминат досегашните недоразбирања.

        Јане и Јана се две пргави дечиња, брат и сестра, кои со нетрпение го очекуваат доаѓањето на Дедо Мраз. Целиот ден се подготвуваат, го украсуваат домот, пеат новогодишни песнички, танцуваат, но секако и се надмудруваат, кој и зошто треба да добие повеќе подароци. За време на тоа надмудрување, кое во еден момент преминува во голема кавга, ненадејно влегува Дедо Мраз. Тој е видно разочаран од односот на братот и сестрата, кои не престануваат да се навредуваат и обвинуваат еден со друг, дури и во негово присуство. 

       Одеднаш, познатото негово ХО-ХО-ХО, ја губи среќната и свечена, новогодишна нота и станува ОХ-ОХ-ОХ (воздишка од незадоволство).

Дали ВЕСЕЛИОТ ДЕДО МРАЗ ќе може да продолжи понатаму да дели пакетчиња со РАЗОЧАРУВАЧКОТО ОХ-ОХ-ОХ? Дали Јане и Јана ќе успеат да го развеселат, сега веќе ТАЖНИОТ ДЕДО МРАЗ и како ќе го постигнат тоа?  И дали најнакрај ќе сфатат дека подарокот и не е толку важен, колку што се важни здравјето, радоста, семејството, другарството, чесноста и убавото однесување? Дали ќе успеат да го подобрат неговото расположение и дали ќе може да продолжи понатаму, за да ги усреќи и останатите деца?... 

...Погледнете ja новогодишната комедија за деца „ Веселиот Дедо Мраз“ и дознајте сами!