СЛЕДНИ НАСТАНИ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 04 окт. 2023, часот Кавадраци КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 05 окт. 2023, часот Кавадарци КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 06 окт. 2023, часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 08 окт. 2023, 11:00 часот Фестивал Mmilk & Blues - Скопје КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 09 окт. 2023, часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЈАС СУМ АКИКО ЈАС СУМ АКИКО 12 окт. 2023, часот Живинице БиХ КУПИ БИЛЕТ
ОЖЕНИ МЕ- Две нијанси црвена ОЖЕНИ МЕ- Две нијанси црвена 16 окт. 2023, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
 РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 17 окт. 2023, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
ПАЦИЕНТИ ПАЦИЕНТИ 18 окт. 2023, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 19 окт. 2023, часот М.каменица КУПИ БИЛЕТ
ПАЦИЕНТИ ПАЦИЕНТИ 25 окт. 2023, 20:00 часот Свети Николе КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 26 окт. 2023, часот Skopje КУПИ БИЛЕТ

ЗЕЛЕНКОВЦИ

ЗЕЛЕНКОВЦИ е едукативно еколошка - интерактивна претстава за најмалата публика на ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје.

Во годинава во која предначиме по степен на загаденост пред останатите земји, повеќе од алармантно и неопходно е да превземеме чекори со кои треба да ја подигнеме свеста на граѓаните. Токму затоа, како театар чии членови со години се бават со продукција на театарски претстави за најмалите, сметавме дека е потребно активно  да делуваме во процесот на подигнувањето на свеста кај најмладите,  и со тоа активно да учествуваме во промените за почист воздух и почиста животна средина.

Делувањето врз децата е од особено значење, токму заради навременa едукација која би ги поттикнала добрите еколошки навики  кај децата а со самото тоа и  создавање на нови генерации кој ќе ги неговуаат вистински вредности со штосвесно и совесно би се однесувале кон животната средина.

Овие деца со своите предзнаења непосредно ќе делуваат и на членовите на своето семејство со што би ги иницирале и повозрасните да се вклучат поактивно во процесите за еколошко- општествените промени за подобрата животна средина. 

Во сцените од претставата се опфатени ситуации на несовесно и совесно однесување, кои ги препознаваме од секојдневито, како што се: пешачење возење велосипед наместо користење на автомобил, садење на дрвја и цвеќиња наместо нивно уништување, фрлање на отпадоци во кантитеза таа намена, наместо на кој каде му дојде... 

Децата со наша помош ќе донесуваат заклучоци за тоа која постапка е добра а која не и низ интеракција ќе не советуваат како правилно треба да постапуваме. Со самотопретстава ќе ги охрабриме отворено да зборуваат и реагираат, секогаш кога ќе забележат несовесно однесување  кон животната средина на друго дете или возрасно лице.

            За полесно да ја разберат суштината и пораките кои ги носи претставата, пристапот еприлагоден на нивната возраст. Претставата содржи многу  песнички,  детска игра и многу интеракција, се со цел, полесно да допреме до нив.

Играат: Мирјана Поповска Ристов, Роберт Ристов и Надица Петрова /Сашо Ристовски/ Изабела Јакимова.

Режија: Роберт Ристов