СЛЕДНИ НАСТАНИ
КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ 16 ноем. 2026, 09:00, 10:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ 16 ноем. 2026, 09:00, 10:00, 11;00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 18 ноем. 2026, 09:15 и 10:15 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 19 ноем. 2026, 09:15 и 10:15 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ 17 фев. 2027, 09:00, 10:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ КРАЛОТ СО РАЗЛИЧНИ ЧЕВЛИ 18 фев. 2027, 09:00 и 10:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ

 

„ДЕДО МРАЗ И ПАЛАВИТЕ ПИНГВИНИ“

 

Подгответе се за новогодишна авантура исполнета со смеа, палавштини, магија и незаборавна средба со Дедо Мраз!

 

Во пресрет на Новата година, пингвините со нетрпение го очекуваат доаѓањето на својот омилен гостин – Дедо Мраз! Едвај чекаат да се дружат со него, да му раскажат што научиле, што промениле во своето однесување  и колку напреднале во текот на изминатата година.

Сепак, не сите веруваат во новогодишната магија. Меѓу нив има и еден голем скептик кој е убеден дека Дедо Мраз е само измислена приказна за мали деца. Но, кога ќе се увери дека пред нив навистина стои вистинскиот Дедо Мраз, започнува вистинската пингвинска лудорија!

Палавите пингвини смислуваат најразлични палавштини и откачени планови за да го задржат кај нив, а секој нивни обид создава нови смешни и неочекувани ситуации.

„Дедо Мраз и палавите пингвини“ не е само претстава исполнета со хумор, смешни ситуации и детски палавштини. Таа носи и важна порака за другарството, несебичноста и радоста што ја чувствуваме кога среќата ја споделуваме со другите. Најубавите подароци не се секогаш спакувани во пакетче – понекогаш најголемиот подарок се љубовта, другарството и среќата што ја подаруваме некому!

Посебна вредност на оваа претстава е тоа што Дедо Мраз е присутен на сцената од самиот почеток до самиот крај, активно учествува во дејствието на претставата и комуницира со децата во публиката. Така, најмалите гледачи не се само публика, туку стануваат дел од новогодишната авантура, разговараат со Дедо Мраз, му се радуваат и заедно со сценските јунаци ја доживуваат вистинската новогодишна магија.

Во претставта играат: Мирјана Поповска Ристов, Радо Алексовски, Сема Орманџи и Роберт Ристов.

Режијата е на Роберт Ристов.

Продукција: Театар Провокација / 2026 г.