СЛЕДНИ НАСТАНИ |
Дали неверството мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор, со кој ќе го спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали после неверството сме засекогааш емотивно оштетени луѓе, кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат. Дали вреди да се продолжи бракот, заради децата? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа?
Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвената - љубовта.
РЕЖИЈАТА, СЦЕНОГРАФИЈАТА, ИЗБОРОТ НА КОСТИМИ и ДРАМАТИЗАЦИЈАТА се потпишани од Роберт Ристов.
Драматизацијата е работена по инспирација од урбаните сценарија:„Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.
ИГРААТ:
Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов.
Во снимените видеа играат актерите: Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски -Чоре (таткото).
КОРЕОГРАФИЈА: Марија Бејкова
ФОТОГРАФИ: Фросе Левковска и Џенат Дрековиќ
ФЕСТИВАЛИ и ГОСТУВАЊА:
Претставата гостуваше и низ регионот и тоа во: Хрватско Народно Казалиште- Вараждин, (како дел од официалната програма на фестивалот „Тједан Смијеха на „Театар Керекеш“), „Театар САРТР“- Сараево, „Градско позориште Јазовац“- Бања Лука, „Културни центар“ - Шид, „Театар 78“ - Белград и „Позориште Младих“- Нови Сад, АРТ ТРЕМА ФЕСТ- Рума, Р.Србија, Шабачко позриште, Шабац- Р.Србија и др.
НАГРАДИ:
„РАЗВЕДИ МЕ“ е добитник на наградата GRAND PRIX на „Фестивалот на дуо драмата" во Топола - Србија 2022 год.
ТЕАТАРСКИ КРИТИКИ И РЕЦЕНЗИИ:
Премиера: 5-ти јуни 2021год.
ПРЕТСТАВАТА Е ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА.
Спонзор: Pirocanac & Inpro Makedonija
Времетраење: 75 мин.