СЛЕДНИ НАСТАНИ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 22 апр. 2024, 09:30 / 11:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 23 апр. 2024, 09:00, 10:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ

ПРЕВЗЕМЕНО ОД:




Премиера на „Скандал“ – публиката беше сведок на урнебесна комедија!

  
22 ОКТОМВРИ 2019

Викендов се случи „Скандал" во театар „Комедија"! Ама таков „Скандал" што ја насмеа публиката до солзи. Се работи за новата интерактивна крими-комедија на театар „Провокација", а во режија на Роберт Ристов, која ја имаше својата премиера оваа недела.

Во претставата играат: Никола Кузелов, Мирјана Поповска Ристов, Даријан Петров, Јелена Мијатовиќ, Чедомир Митевски и Радо Алексовски, кои преку својата атрактивна актерска игра успеаа да го задржат вниманието и расположението на публиката два часа.

И овојпат костимографијата ја креираше етаблираната модна куќа Елена Лука, која по трет пат се потпишува зад костимите на претставите на Роберт Ристов, што укажува и на нејзината општествена одговорност како бренд што безрезервно ја поддржува независната театарска сцена.
Откако се сумираа впечатоците по премиерата, имавме можност да разговараме со режисерот на претставата, Роберт Ристов.

Роберт, последен проект на театар „Провокација" е претставата „Скандал" која неделава ја имаше својата премиера. Насловот е прилично интригантен и ја провоцира фантазијата на публиката. Каква е приказната зад него?

-Скандалозна!!! :) Приказната е за убиство во фризерскиот салон на фризерчето Гоги Меркјури. Убиена е газдарицата на дуќанот, која живее над него! Единствените присутни во зградата во интервалот во кој е извршено убиството се присутните во фризерницата. Секој од нив се чини дека има мотив да го изврши истото. Публиката внимателно го следи дејствието и помага во разоткривањето на убиецот. Претставта има три различни краја. Изборот на убиецот го прави публиката по пат на гласање. Во зависност од гласањето на публиката се игра една од трите варијанти на сцената.

Комедијата важи за еден од најкомплексните театарски жанрови и не е така едноставно да се насмее публиката. Успеавте ли искрено да ја насмеете Вашата публика на премиерата на „Скандал", какви беа реакциите за време на и по претставата?

-За време на подготовките на било која комедија, последната фаза е една од најпогубните периоди за целата екипа. Пробувате сцени по 50 –тина пати, ги изговарате и слушате репликте исто толку пати и тие во еден период не се повеќе така забавни и смешни.Ова е фаза која буквално секогаш се јавува при подготовки на комедија. И почнувате да се раѓаат сомнежите во сопствената креација и проектот. Тоа е фазата кога на актерот му е потребна публика и кога му е потребен фидбек од неа. Доаѓате на премиера и дури тогаш сфаќате дека сте завршиле одлична работа. Токму тоа се случи и во недела. Публиката реагирааше подобро од очекуваното. Беше податлива за интеракција и ги наградуваше актерите со громогласна смеа и аплаузи во текот на целата претстава. На крајот не наградија со долги, прекрасни овации. ПРЕСРЕЌНИ БЕВМЕ!!!

Во Вашите претстави секогаш се трудите и директно да ја анимирате публиката и да ја вклучите како непосреден учесник. Овојпат публиката е сведокот на „скандалот". Како се покажа овој концепт, знае ли публката да се „носи" со задачата?

-Интеракцијата е тренд кој е многу актуелен насекаде низ светов. Се трудиме да сме во чекор со современиот театарски израз, а публиката покажа дека е подготвена и желна да ги прифати тие новитети и да ужива во нив. Една од намерите на продукцијата е да ја користи интеракцијата во проектите кој го дозволуваат тоа, затоа што Театар Провокација треба да ПРОВОЦИРА!

Секој сегмент од претставата има своја функција во дефинирањето на крајниот производ.

Костимографија, сценографија, музика, специјални ефекти - треба да ја следат актерската игра и да создадат една компактна целина. Кој е тимот со кој соработувавте за оваа претстава?

-Изборот на авторскиот тим е клучен во создавањето на комплетниот театарски продукт. Освен во овој проект со Елена Лука како автор на костимографијата, соработував и на проектите „Првин ќе ме земеш после ќе ме..." и Дони Дарк (мојата магистратура по режија). Тимот на Елена Лука, знае да ја прочита и испочитува идејата на режисерот во претставата и создаде костими кој концептуално и функционално одговаараат на претставата и направат истата визуелно да забелска.

Елена Лука по трет пат ги спонзорира костимите во моите претстави со што покажува дека не само што е единствен и врвен бренд во светската модната индустрија туку и општествено одговорна фирма која ја подржува независната театарска сцена.

Елена Лука се Ваши долгогодишни соработници. Како изгледа целиот процес на организација околу делот на костимографијата, што е еден од клучните сегменти во пренесувањето на пораката?

-Режисерот е во постојани разговори со костимографот за време на подготовките и тоа е еден процес на надградување на идеите кој со секој нов разговор се кристализираат во еден краен продукт, зад кој стоиме заеднички како тим. Морам да кажам дека е благодет да се соработува со овој тим.

Во која улога Вие се чувствувате најмногу свој – кога сте на сцена или кога во свои раце ја имате режисерската палка?

-Создавањето на уметничкото дело, независно од тоа дали играм или режирам е уживањето од кое не можам да се откажам. На моменти знае да биде напорно и стресно, но без работата не се чувстувам целосно исполнет. Јас сум од оние уметници кој секогаш има порив за работа, така што не битно дали режирам или играм, сакам да сум во процесот на создавање театар. Најмногу свој се чувствувам во процесите во кои има услови на креативна атмосфера и убав тим кој меѓусебно се почитува и дозволува секој од уметниците да биде свој, а со тоа и доволно креативен и продуктивен за самиот процес.

Одговорностите на актерот и режисерот се различни, но и во едното и во другото наоѓам големо уживање.

Какво е Вашето досегашно искуство како независна театарска формација „Провокација"? Успевате ли во овие околности да ги остварите своите амбиции?

-Се соочуваме со многу продукцииски проблеми. И двата проекти ги работевме без подршка од Министертсвото за култура или било кој друг општински фонд и единствено по пат на спонзори и сопствени средства ја продуцираме претставата. Целата екипа ги работеше подготовките ентузијастички без при тоа да зема хонорар за подготовки, за што сум бескрајно благодарен на секој од нив. Кобуревме со простор за проби. Половина од процесот го работевме во домашни услови, а останатите проби ги организиравме кај што ќе начекавме празен простор. На сцената во Театар Комедија каде што ја имавме премиерата, имавме само една проба (заради густиот распоред на проби и редовниот репертоар на Театар Комедија и Турскиот Театар), што е дополнителен стрес за актерите и воопшто за целата екипа. Но, доколку си истраен, упорен и сигурен во она што го работиш, а со себе си имаш исто таква екипа на ентузијасти, успехот е неминовен. За среќа наидов на други нови подржувачи на ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА кои помогнаа финансииски да ни се намали целиот терет кој го имаме како продукција во однос на опремувањето и маркетингот на претставата а тоа се: ЕЛЕНА ЛУКА, CASA ITALIA, PROMOITALIA, РЕРА,БОВИН и Канал 5 ТВ.

ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ДО ВАС ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ!!!!

Претставата ќе се игра во термини во ден недела во Театар Кмедија, во зависност од тоа кога ќе има слободен термин. Првата репризата во Комедија е закажана за 01. декември. Следната изведба е во Неготино на 07. ноември, а отпочнати се преговори за гостувања во уште неколку града низ Македонија. Следете не на ФБ и истите ќе ги дознаете наскоро. (https://www.facebook.com/teatarprovokacija/?modal=admin_todo_tour)