СЛЕДНИ НАСТАНИ

            Театар Провокација со претставата РАЗВЕДИ МЕ во режија на Роберт Ристов, во месец март ќе гостува во неколку тетари низ Регионов.

         Првото гостување е на 09.03. во Културно Образовниот Центар - Шид, Р.Србија, а веднаш по него на 11.03, театарот гостува во Бања Лука, во Градскиот Театар - Јазовац. Ова е театарот чиј управител е Љубиша Савановиќ, актерот, кој е дел од екипата на РАЗВЕДИ МЕ. Љубиша игра една од улогите кои во претставта функционираат преку снимени видео повици. Савановиќ, на еден специфичен, шармантен и досетлив начин ја креира улогата на Коста К.(швалерот), една од улогите, која иако до публиката допира преку видео материјал, редовно изнудува громогласно смеење. Освен него, во видео повиците, свои маестрални креации имаат и Зорица Панчиќ и Благоја Чоревски-Чоре.   Секако, дека не треба да го изоставиме фактот дека главните протагонисти во претставата се Роберт и Мирјана Ристов, кој како и во животот така и во претставата се брачни сопатници. 

                                         

           Третото гостување е на фестивалот  „ТЈЕДАН СMИЈЕХА“,во организација во Театар Керекеш. Театар Керекеш е патувачки театар, кој како да живее една паралелна театрска приказна во Вараждин, со онаа на Театар Провокација во Скопје. Формирањето и на овој театар започнува како една фамилијарна театарска приказна, иницирана од хрватските актери Љубомир Керекеш и Јан Керекеш, кои во приватноста се татко и син, за да подоцна истата се развие во најбараниот хрватски тетар, кој на годишно ниво има над 200 изведби низ градовите во Хрватаска и регионот. На фестивалот „Тједан смијеха“ , кој ќе се одржи од 04.03 до 14.03, ќе бидат прикажани вкупно 14 претстави од регионот. Претставата „Разведи ме“ ќе се одигра на сцената Еuropa Media - во ХНК- Вараждин, Хрватска на 12.03 од 21:00 часот.

            Четвртото гостување е на 14.03. во Сараевскиот Воен Театар САРТР од 20:00 часот. Театар Сартр е еден од најавангардните и најнаградуваните театри не само во БиХ туку и во регионот.