СЛЕДНИ НАСТАНИ

  

Интернационалниот фестивал на дуодрама БРАНКО ЃОРЧЕВ – Неготино оваа година ќе биде одржан од 10.05 до 13.05.2023 на сцената на НУЦК Ацо Ѓорчев – Неготино. Организатор на фестивалот е Театар Провокација, а покровител на истиот е Општина Неготино.

Селектор на фестривалот е актерката од НУ Театар Комедија - Мирјана Поповска Ристов, која ги селектираше следниве претстави, кои ќе се прикажуваат по следниов редослед:

10.05.2023 од 20:00 ч. „БРАЧНА КОМЕДИЈА“, режија: Иван Томашевиќ, СЦЕНА МАСКА - Р.Србија.

11.05.2023 од 20:00 ч. „ЗА НАС ПОЧНУВА ЖИВОТ“, режија: Дејан Пројковски, продуцент: Нино Леви - Р. Македонија.

12.05.2023 од 11:00 ч. „ЈАС СУМ АКИКО“, режија: Роберт Ристов, Театар Провокација - Р. Македонија. (Оваа дуодрама за деца, не е дел од официјалната конкуренција).

12.05.2023 од 20:00 ч. „CANDY“ , режија: Тамара Стојаноска, ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ - Р. Македонија.

13.05.2023 од 19:30 ч. „ БЕБА“ режија: Љубомир Керекеш, ТЕАТАР КЕРЕКЕШ - Р. Хрватаска.

Фестивалот е од натпреварувачки карактер и на истиот ќе бидат доделени наградите: НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА, НАЈДОБРА ЖЕНСКА УЛОГА, НАЈДОБРА ПАРТНЕРСКА ИГРА и НАДОБРА ПРЕТСТАВА. Жири комисијата го задржува правото да додели дополнителни награди, доколку некоја од претставите се издвојува во одредена неспомената категории, кои заслужуваат да бидат наградени.  

Ова се членовите на жири комисијата: Васил Зафирчев (актер од ТЕАТАР ЏИНОТ – Велес) , Селпин Керим (актер од Турски Театар – Скопје) и Роберт Ристов (актер од ТЕАТАР КОМЕДИЈА - Скопје).