| СЛЕДНИ НАСТАНИ | |
|
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ
27 окт. 2025, 20:00 часот
ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС - Виница
КУПИ БИЛЕТ
|
|
РАЗВЕДИ МЕ
30 окт. 2025, 20:00 часот
Св. Николе
КУПИ БИЛЕТ
|
|
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст
31 окт. 2025, 19:00 часот
Охрид
КУПИ БИЛЕТ
|
|
ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ, ПА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ
07 ноем. 2025, 19:00 часот
Охрид
КУПИ БИЛЕТ
|
Стручното жири во состав од Благој Чоревски – Чоре – актер, Мирјана Ристов – актерка и Билјана Крајчевска -драматург, на првиот Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ кој се одржа во Неготино од 5 до 9 септември 2022 г. едногласно ги донесе следниве одлуки:
- Наградата за најдобро актерско остварување -најдобра машка улога - за впечатлива актерска експресија со која создава поинаква драмска и сценска „атмосфера“ за секој толкуван лик, му припадна на актерот Тони Денковски за улогите во дуодрамата „Анатомија на неверството“ од НУ Театар Комедија – Скопје, во режија на Александра Кардалевска.

- За најдобро актерско остварување – наградата за најдобра женска улога- за силната актерска експресија, емотивност, убедливост и интелигенција во остварувањето, ѝ се доделува на актерката Димитрина Мицкоска во дуодрамата „Грета“, на театарот „Златен Елец“ -Скопје, во режија на Тамара Стојаноска.

- Наградата за најдобар актерски пар, кој оствари атмосфера на заедништво во промислена и прецизна актерската естетика, несебично и доследно градејќи целокупна сценска автентичност се доделува на Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов за изведбата на дуодрамата „Ожени ме“ на Театар Провокација, Скопје во режија на Роберт Ристов.

- Специјалната награда „ Бранко Ѓорчев“ за извондреден актерски израз се доделува на дуодрамата „Мојот сопатник стравот“ на театарот „Сцена Маска“ од Шабац, Р. Србија.

- Стручното жири наградата Grand prix – за возбудлива и провокативна претстава која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени во својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политичките проблеми -ја доделува на дуодрамата „Кислород“ од НУ Народен театар – Битола во режија на Иван Јерчиќ.

27 окт. 2025, 20:00 часот
ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС - Виница