СЛЕДНИ НАСТАНИ

ПОСЕТЕНОСТ ВО 2019/ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА

                                         

             Во изминатата сезона (од јануари до декември 2019) Театар Провокација низ републикава има изведено вкупно:  64 претстави (за деца и возрасни) и истите беа проследени од вкупно:  11.697 гледачи (деца и возрасни).

Станува збор за вечерните претстави „Првин ќе ме земеш после ќе ме...“ и „Скандал“ како  и претставите за деца „Зеленковци“ и „Како ли да го задржам Дедо Мраз кај нас?!!!“.

             Продуцирањето на претставите на Театар Провокација во тековната 2019 г. беше остварено од сопствени средства и по пат на обезбедување на спонзорства.       

             Во сезоната - 2020, предвидени се премиери на две вечерни претстави  и две претстави за најмладата публика.

              Од Јанури 2020 стартуваше и веб-страницата на театарот  teatarprovokacija.mk,  на која можете да го видите репертоарот и дознаете многу повеќе за овој приватен театар.