СЛЕДНИ НАСТАНИ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 22 апр. 2024, 09:30 / 11:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 23 апр. 2024, 09:00, 10:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ

Театар Провокација, во периодов е во подготовки на урнебесната комедија „ЦРКНИ“ во режија на Ѓорѓи Ризески. Премирата е закажана на 16.03 во Театар Комедија, а во неa играат актерите: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски. Сценографијата е на Роберт Ристов а автор на плакатот и ликовно сценските решенија е Игор Љубовчевски Љубац.

Ова е претстава во која се прикажани односите во бракот на Семејството Биволови. Брак, кој е пред распаѓање, брак во кој партнерите го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо хармонијата и спокојот.  Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме  да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите  и средствата, само за да излеземи во право, во кои целиме што повеќе да повредуваме бидејќи се чувствуваме повредено, наместо да простиме.

...Претставата започнува со ситуација во која им доаѓа стручно лице, за да им помогне да го спасат бракот, со што ќе се отвори пандорината кутија на минато на двајцата.