За претставата се бараше билет повеќе. Актерите Роберт, Мирјана и Дарко имаа одлична изведба, на што публиката им возврати со грмогласни аплаузи и смеење до солзи, што укажува на тоа дека вистинско уживање имаше и на сцената и во публиката. Ова е една од ретките претстави во која има интеракција со публиката – таа одлучува во кој правец ќе се одвива претставата, така што секоја изведба е поинаква и неповторлива.
По претставата, гледачите беа поканети на заеднички коктел во фоајето на Театар „Комедија“, каде што свој настап имаа четворицата млади челисти Деки, Грета, Тео и Фјола, кои дополнително ја облагородија оваа вечер. Публиката имаше можност да се запознае и да се подружи со актерската екипа.