СЛЕДНИ НАСТАНИ
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 21 фев. 2026, 12:00 часот ПАНЧЕВО - Р.Србија КУПИ БИЛЕТ
 РАЗВЕДИ МЕ РАЗВЕДИ МЕ 22 фев. 2026, 20:00 часот РУМА - Р.Србија КУПИ БИЛЕТ
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 23 фев. 2026, 10:00 часот ЛЕСКОВАЦ - Р.Србија КУПИ БИЛЕТ

„СКАНДАЛ“ ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ!

Во Театар Комедија вчера вечерта од 20 часот премиерно беше изведена претставата „Скандал“ во режија на Роберт Ристов и во продукција на „Театар Провокација“.

-„Театар Провокација“ подготви нова провокативна интерактивна претстава во која публиката имаше за задача да го пронајде убиецот на познатата пијанистка Лена Вагнер.

Актерите на еден забавен начин успеаја да ја насмеат публиката и да покажат дека дури и еден криминален случај може да биде забавен.

Во улогите настапија Никола Кузелов, Мирјана Поповска-Ристов, Даријан Петров, Јелена Мијатовиќ, Чедомир Митевски, Радо Алексовски. Костимограф е Елена Лука, кореограф – Искра Шукарова.