СЛЕДНИ НАСТАНИ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 04 окт. 2023, часот Кавадраци КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 05 окт. 2023, часот Кавадарци КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 06 окт. 2023, часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 08 окт. 2023, 11:00 часот Фестивал Mmilk & Blues - Скопје КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 09 окт. 2023, часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЈАС СУМ АКИКО ЈАС СУМ АКИКО 12 окт. 2023, часот Живинице БиХ КУПИ БИЛЕТ
ОЖЕНИ МЕ- Две нијанси црвена ОЖЕНИ МЕ- Две нијанси црвена 16 окт. 2023, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
 РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 17 окт. 2023, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
ПАЦИЕНТИ ПАЦИЕНТИ 18 окт. 2023, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 19 окт. 2023, часот М.каменица КУПИ БИЛЕТ
ПАЦИЕНТИ ПАЦИЕНТИ 25 окт. 2023, 20:00 часот Свети Николе КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 26 окт. 2023, часот Skopje КУПИ БИЛЕТ

 

„Јас сум Акико“ или убавината на детското патување кон себеси

15 ноември, 2022
185 

„Јас сум Акико“ е претстава каква што ни треба во македонскиот театар. Најмногу затоа што е современа тема, напишана тазе пред некоја година во форма на роман, но вешто претворена во драма од режисерот и актер Роберт Ристов. Прекрасниот роман на Стефан Тиќми кој е вистинско освежување за младите во Србија и кај нас, се обраќа на публика постара од 10 години, за децата за кои некако се поретко имаме претстави, се помалку имаме книги или барем ние возрасните не умееме да ги убедиме да ги читаат.

„Театар Провокација“ создаде претстава што поттикнува на размислување. Подеднакво забавна и за деца и за возрасните, но и со многу прашалници кои лебдат во воздухот. Што е среќата? Колку малку ни треба за неа? Прашања што особено денес ние возрасните треба да си ги поставиме.

Во претставата играат Мирјана Ристов во улогата на Акико и Радо Алексовски во улогите на Марсело и на таткото на Акико.

Иако се двајца актери, во еден час колку што трае претставата, воопшто не се добива чувството дека е дуодрама. Претставата е динамична, сцените брзо се менуваат, музиката (автор Бранко Сапламаев) е паралелен чинител на дејството.

Актерката Ристов е неодлолива Акико. Нејзиниот специфичен детски и палав глас и гестикулација ја прават неодолива за децата и им го задржува вниманието. Одличен партнер и е и Радо, кој влева и сигурност кај публиката, посебно кога го толкува таткото.

Ристов избрал усшешен начин како да и се доближи на публиката, вметнувајќи и анимации за време на целата претстава. За нив се погрижи Јосип Здравковски и ликовите од анимацијата беа буквално легитимни членови на актерскиот состав.

„Јас сум Акико“ дефинитивно треба да си го најде патот и надвор од Скопје и да ја видат што е можно повеќе деца. И без разлика дали нешто нема да им биде јасно, доволно е што ќе им се отворат прашања за тоа колку е важно да се биде верен на самиот себе, да се верува во љубовта и искрено да им се пристапува на работите.