СЛЕДНИ НАСТАНИ
ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ, ПА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ, ПА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ 25 фев. 2026, 10:00 часот ДК Кисела Вода -Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ, ПА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ, ПА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ 03 мар. 2026, 12:00 часот БИСТРО КОМЕДИЈА -СКОПЈЕ КУПИ БИЛЕТ
ДРУГАРСТВО ДРУГАРСТВО 08 мар. 2026, 12:00 часот БИСТРО КОМЕДИЈА -СКОПЈЕ КУПИ БИЛЕТ
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 22 мар. 2026, 12:00 часот БИСТРО КОМЕДИЈА -СКОПЈЕ КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 29 мар. 2026, 12:00 часот БИСТРО КОМЕДИЈА -СКОПЈЕ КУПИ БИЛЕТ

 

Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст

ДРУГАРСТВО  

 

            Куклената претстава „Другарство“ е интерактивна претстава за најмалата публика, во која темата е другарството и сето она што го подразбира вистинскиот другарски однос. Претставта има за цел да ги едуцира децата  и поттикне да реагираат и побараат помош, доколку се жртва на врсничко насилство, или доколку забележат знаци на булинг во средината која ги опкружува.

            Меѓусебното отуѓување на децата, поради новиот начин на живот, наречен „дигитализација“ е една  од темите кои се опфатени во оваа претстава.  Во минатото под поимот другарство се подразбираше некој, со кого постојано си заедно, си кажуваш тајни, играте надвор криенка, ластик, фудбал и други игри, во денешно време зад поимот другарство се крие некој, кој дури и немораш ни да го познаваш, туку поминувате заедно време преку игри на компјутер или на телефон и на тој начин комуницирате, укажувајќи им на децата, дека поминатото време надвор, со своите другари, ништо не може да го замени. Низ сите  неволји и тајни низ кои минуваат овие наши карактери, вклучувајќи го и булингот, кој не подразбира само физичко малтретирање туку и навреди, омаловажување, уцени и други видови на психичка пресија, децата ќе увидат дека некој што го познааш само преку компјутер, не може да ти помогне, како некој кој постојано е со тебе.  Низ игра, смеа и детски лудости, ќе ги потикнеме дечињата на игра  - надвор од своите четири ѕида.

           

РЕЖИЈА И ТЕКСТ: РОБЕРТ РИСТОВ

ИГРААТ: МИРЈАНА РИСТОВ, РАДО АЛЕКСОВСКИ и РОБЕРТ РИСТОВ

ДИЗАЈН И ИЗРАБОТКА НА КУКЛИ: ЦВЕТИН АНИЧИЌ

СЦЕНОГРАФИЈА: РОБЕРТ РИСТОВ

АУДИО ПРОДУЦЕНТ: ГОРАН ПАЈАК ТРИФУНОВСКИ

ДИЗАЈН НА ПЛАКАТ: САРА ПАНОВСКА