СЛЕДНИ НАСТАНИ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 22 апр. 2024, 09:30 / 11:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 23 апр. 2024, 09:00, 10:00 часот Скопје КУПИ БИЛЕТ

НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈ ПИВОТО!

Театарска комедија во премиерно издание на новоотворениот независен “ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ” Скопје. Ова е театарска претстава (комедија), во која до самиот крај ќе паѓаат маските и ќе се откриваат ликовите низ опасна, еротична и многу комична игра, која ни го покажува градот каде никој не знае, не гледа и чувствува со страв.

Градот и спратот каде главната улога ја игра пивото како потреба, власт, проблем и страст. Градот каде  отворено и без срам се лаже и импровизира, со цел да се нахрани егото кое гледано од страна е доста сатирично. Место каде никој не сака, не љуби, секој е заглавен во детската мисла за се’, но далеку од себе. Ова е претстава што низ фино приближување на публиката кон оваа тематика, низ многу комични ситуации прави секој да се опушти,  искрено и слатко да се насмее.

Низ тројната сплетена игра на Јулија, Слободан и Срџан, ќе може да се види една табу тема која градот сленговски ја нарекува срамота. Додека трае една сензуална игра меѓу Јулија и Слободан, што прават сопрузите? Што е поважно, чест или пиво, а можеби пари?