СЛЕДНИ НАСТАНИ | |
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 26 ноем. 2024, 20:00 часот ДК „З. Рудар - ПРОБИШТИП КУПИ БИЛЕТ | |
РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 01 дек. 2024, 18:00 часот „Паркен“, Трелеборг -Шведска КУПИ БИЛЕТ | |
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 01 дек. 2024, 11:00 часот „Паркен“ Трелеборг - ШВЕДСКА КУПИ БИЛЕТ | |
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 06 дек. 2024, 20:00 часот Театар Џинот -ВЕЛЕС КУПИ БИЛЕТ | |
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 11 дек. 2024, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ |
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУО ДРАМА „ БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО
ОЖЕНИ МЕ - ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА -СКОПЈЕ
06.09.2022 од 21:00 Локација:МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
Режија: Роберт Ристов
Играат:Изабела Јакимова и Бранко Атанасов
Саксофонист: (изведувач во живо), Бобан Цветановски
Костимографија: Елена Лука
Сценографија и драматизацијата се на Роберт Ристов.
Драматизацијата е работена по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.
„ОЖЕНИ МЕ“ е насловот на една од двете претстави ( ОЖЕНИ МЕ и РАЗВЕДИ МЕ) кои всушност се две поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО на претставите со заеднички наслов „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои претставуваат лице и опачина, едната на другата.
Ако мракот значи недостиг на светлината, а црвената ни го означува присуството на љубовта, дали во миговите на бес, при намаленото присуство на светлина, умееме да го согледаме присуството на нијансите на црвена? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската во која се наоѓаме? Дали љубовта треба и да боли или само да нè разнежнува и мотивира да растеме и да се менуваме? Дали таа е „прекинувачот“ за нашата среќа? Дали љубовта мора да се круниса со БРАК, или бракот е само старомодна архаична институција со која општеството го стигматизира човекот за да може полесно да го манипулира? Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).
Проектот „Ожени ме“ е финансиран од Министерството за култура на РСМ и Општина Гази Баба. Автор на костимите, а воедно и спонзор на истите, е Елена Лука. Режијата и сценографското решение се на Роберт Ристов.
Времетраење: 60 мин.