СЛЕДНИ НАСТАНИ
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 26 ноем. 2024, 20:00 часот ДК „З. Рудар - ПРОБИШТИП КУПИ БИЛЕТ
 РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 01 дек. 2024, 18:00 часот „Паркен“, Трелеборг -Шведска КУПИ БИЛЕТ
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 01 дек. 2024, 11:00 часот „Паркен“ Трелеборг - ШВЕДСКА КУПИ БИЛЕТ
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 06 дек. 2024, 20:00 часот Театар Џинот -ВЕЛЕС КУПИ БИЛЕТ
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 11 дек. 2024, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУО ДРАМА „БРАНКО ЃОРЌЕВ“ - НЕГОТИНО

05.09.2022 од 19:30 ч. Сцена: НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО

КИСЛОРОД -НУ Битолски театар

 

КУПИ ONLINE-БИЛЕТ/ претстава КИСЛОРОД

 

КИСЛОРОД е всушност поетско дело кое акумулира гнев, надеж, емоции и мисли на цела генерација од источниот блок, млади луѓе, кои пораснаа заглавени транзиција и продолжија да живеат во дивиот капитализам, што беше резултат на истата таа транзиција.

Токму таа актуелност на содржината, ни даде можност да направиме претстава која говори и не носи во нашето современие.

Како да се преживее сегашноста, како да се гради иднината, како да се заборави минатото? Некогаш длабоко и инстинктивно праведно, некогаш брутално сурово, ја пишуваме книгата за своите животи на отуѓен, неочекуван, навидум без емоции начин, во ера која не ни остава друг избор. За ова најмногу можеме да научиме ако се нурнеме во своите длабоки размисли и отворено да разговараме за нештата кои не окупираат.

Претставата преку човековата потреба и желба слободно да дише, навлегува  длабоко во потребата на човекот да живее... Да живее живот полн со љубов, среќа, емпатија, солидарност, наспроти одразот во огледало кој се почесто го гледа денешниот човек.

 

 

КИСЛОРОД

Според текстот на 

Иван Вирипаев

 

Играат

Викторија Степановска - Јанкуловска 

Никола Стефанов

 

Превод: Оливера Павловиќ

Режија и сценографија: Иван Јерчиќ 

Костимографија: Марта Дојчиновска

Авторска музика и избор на музика: 

Александар Димовски

Светло: Никола Ѓеорѓиевски

Шминка и фризура: Стефанија Стојчевска

Видео материјали: Марјан Ѓеорѓиевски 

Снимател: Сашо Илковски

Видео оператор:

Владимир Переловски 

Гостин во видеото: Марјан Наумов

Фотограф: Stisnijovski Photography