СЛЕДНИ НАСТАНИ | |
![]() |
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ
![]() ![]() |
![]() |
РАЗВЕДИ МЕ
![]() ![]() |
![]() |
ЗЕЛЕНКОВЦИ
![]() ![]() |
![]() |
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ
![]() ![]() |
![]() |
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ
![]() ![]() |
НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈ ПИВОТО!
Театарска комедија во премиерно издание на новоотворениот независен “ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ” Скопје. Ова е театарска претстава (комедија), во која до самиот крај ќе паѓаат маските и ќе се откриваат ликовите низ опасна, еротична и многу комична игра, која ни го покажува градот каде никој не знае, не гледа и чувствува со страв.
Градот и спратот каде главната улога ја игра пивото како потреба, власт, проблем и страст. Градот каде отворено и без срам се лаже и импровизира, со цел да се нахрани егото кое гледано од страна е доста сатирично. Место каде никој не сака, не љуби, секој е заглавен во детската мисла за се’, но далеку од себе. Ова е претстава што низ фино приближување на публиката кон оваа тематика, низ многу комични ситуации прави секој да се опушти, искрено и слатко да се насмее.
Низ тројната сплетена игра на Јулија, Слободан и Срџан, ќе може да се види една табу тема која градот сленговски ја нарекува срамота. Додека трае една сензуална игра меѓу Јулија и Слободан, што прават сопрузите? Што е поважно, чест или пиво, а можеби пари?