СЛЕДНИ НАСТАНИ
 РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 25 мар. 2023, 21:00 часот АРТ ТРЕМА ФЕСТ-Рума, Р.Србија КУПИ БИЛЕТ
 РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 27 мар. 2023, 20:00 часот Прњавор, Р.Србија КУПИ БИЛЕТ
ЈАС СУМ АКИКО ЈАС СУМ АКИКО 29 мар. 2023, 12:00 часот ДК Пробиштип КУПИ БИЛЕТ
ПАЦИЕНТИ ПАЦИЕНТИ 06 апр. 2023, 19:30 часот Д.К Ацо Караманов - РАДОВИШ КУПИ БИЛЕТ

  

Урнебесна комедија ПАЦИЕНТИ

Режија: Ѓорѓи Ризески

Играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски

Сценографија: Роберт Ристов

Автор на ликовно сценски решенија: Игор Љубовчевски Љубац

Изработка на плакат и рекламен материјал: Методи Ангелов

 

„ПАЦИЕНТИ“ е насловот на најновата хит- комедија на ТЕАТАР Провокација. 

Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземe во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено. 

Тој - хроничен алкохоличар, таа - хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување. 

Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт  Ристов, несебично го внесува  своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски.

Режијата е на Ѓорѓи Ризески, кој е потпишан и на режијата на претставата „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ...“ на ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА.

ПРЕМИЕРА: 11.04.2022 во КИЦ - Салон 19:19 од 20:00 Ч.