СЛЕДНИ НАСТАНИ | |
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 26 ноем. 2024, 20:00 часот ДК „З. Рудар - ПРОБИШТИП КУПИ БИЛЕТ | |
РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 01 дек. 2024, 18:00 часот „Паркен“, Трелеборг -Шведска КУПИ БИЛЕТ | |
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 01 дек. 2024, 11:00 часот „Паркен“ Трелеборг - ШВЕДСКА КУПИ БИЛЕТ | |
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 06 дек. 2024, 20:00 часот Театар Џинот -ВЕЛЕС КУПИ БИЛЕТ | |
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 11 дек. 2024, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ |
ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ...
Режија: Ѓорѓи Ризески
Сценографија: Роберт Ристов
Костимографија: Елена Лука
Продуценти: Роберт и Мирјана Ристов
Продукција: Театар Провокација
Дизајн на плакат: Методи Ангелов
Снимател: Јане Марковски
ИГРААТ:
Ѓорѓи Мучев - Роберт Ристов
Кети Мјау Соколовска - Мирјана Поповска Ристов
Келнерот/ Водителот - Дарко Вељиќ
„Првин ќе ме земеш, после ќе ме...“ е првото реално шоу во театар.
Дејството на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“ помеѓу лекторката Кети Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. Тој – маж со неуспешен брак зад себеси, решен никогаш веќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура, Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се омажи на оваа средба, уште истата вечер.
Ова е единствената претстава за време на која вие како публика сте активен учесник во режирањето на претставата. Дали Таа да го бакне или да му удри шамар, дали Тој или Таа да одговори на повикот од неговата бивша жена – одлучувате вие по пат на гласање во живо!
Премиера: 25 декември 2016