СЛЕДНИ НАСТАНИ

 

Ако мракот значи недостиг на светлината, а црвената ни го означува присуството на љубовта, дали во миговите на бес, при намаленото присуство на светлина, умееме да го согледаме присуството на нијансите на црвена? Дали неверството мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор, со кој ќе го спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали после неверството сме засекогааш  емотивно оштетени луѓе, кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат. Дали вреди да се продолжи бракот, заради децата? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа?

Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).

Драматизацијата на двете претстави Роберт Ристов ја работеше по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.

Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски -ЧОРЕ (таткото).

Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.
Техничко Водство: Бобан Цветановски и Никола Димевски.
Фотограф: Фросе Левковска.
Претставатa е под покровителство на ОПШТИНА ГАЗИ БАБА.
Спонзор: Pirocanac & Inpro Makedonija

 

Драматизацијата и адаптацијата e на Роберт Ристов, а ја работеше по мотиви на урбаните сценарија:, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“. Значителен дел од текстот се авторски дијалози од Р,Ристов напишани по сопствена инспирација. 

Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од  БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото). Претставата е финансирана од Општина Гази Баба. Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.

Премиерната изведба на  „Разведи ме“ се одигра на 5 јуни 2021 во Домот на култура „Димитар Влахов“ – Автокоманда, по која следува повеќе од 20 изведби низ Македонија. Претставата гостуваче низ регионот и тоа во театарите: Хрватско Народно Казалиште- Вараждин, како дел од програната на фестивалот „Тједан Смијеха на Театар Керекеш, Театар САРТР- Сараево, Градско позориште Јазовац - Бања Лука, Културни центар - Шид и  Театар 78 -Белград.

  • Претставата „Разведи ме“  е добитник на наградата GRAND PRIX на „Фестивалот на дуо драмата" во Топола - Србија 2022 год. 

 

 

Линкови од театарски критики и рецензии:

https://umno.mk/sto-e-prvo-brakot-ili-ljubovta/

http://teatarprovokacija.mk/vesti/belgrad-info-mak/