СЛЕДНИ НАСТАНИ
 РАЗВЕДИ МЕ РАЗВЕДИ МЕ 30 окт. 2025, 20:00 часот Св. Николе КУПИ БИЛЕТ
Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст Куклена претстава за деца до 10 годишна возраст 31 окт. 2025, 19:00 часот Охрид КУПИ БИЛЕТ
ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ, ПА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ, ПА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ 07 ноем. 2025, 19:00 часот Охрид КУПИ БИЛЕТ

ПРЕВЗЕМЕНО ОД MAKFAX

Јубилејна 50. изведба на претставата „Првин ќе

ме земеш, после ќе ме…“

Вчеравечер на сцената во Театар „Комедија“ се одигра јубилејната 50. изведба на претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во продукција на приватниот театар „Театар провокација“ од Скопје.

За претставата се бараше билет повеќе. Актерите Роберт, Мирјана и Дарко имаа одлична изведба, на што публиката им возврати со грмогласни аплаузи и смеење до солзи, што укажува на тоа дека вистинско уживање имаше и на сцената и во публиката. Ова е една од ретките претстави во која има интеракција со публиката – таа одлучува во кој правец ќе се одвива претставата, така што секоја изведба е поинаква и неповторлива.

По претставата, гледачите беа поканети на заеднички коктел во фоајето на Театар „Комедија“, каде што свој настап имаа четворицата млади челисти Деки, Грета, Тео и Фјола, кои дополнително ја облагородија оваа вечер. Публиката имаше можност да се запознае и да се подружи со актерската екипа.