СЛЕДНИ НАСТАНИ
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 07 апр. 2025, 09:00 10:00 11:00 часот Неготино КУПИ БИЛЕТ
 РАЗВЕДИ МЕ РАЗВЕДИ МЕ 09 апр. 2025, 20:00 часот МКЦ -СКОПЈЕ КУПИ БИЛЕТ
ЗЕЛЕНКОВЦИ ЗЕЛЕНКОВЦИ 14 апр. 2025, 09:00, 10:00 часот Свети Николе КУПИ БИЛЕТ
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 23 апр. 2025, 20:00 часот МКЦ - СКОПЈЕ КУПИ БИЛЕТ
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 15 мај 2025, 20:00 часот БЕЛГРАД КУПИ БИЛЕТ

 

ДЕДО МРАЗ, ТЕ САКАМ ЈАС!

ДЕДО МРАЗ, ТЕ САКАМ ЈАС е претстава која нуди забава, игра и смеа, но секако не изоставувајќи го и едукативниот дел. За разлика од сите други претстави, во оваа претстава Дедо Мраз е застапен од почеток па се до крајот на претставата. Децата во неа,   ја имаат привилегијата постојано да комуницираат со него, имајќи ја улогата на негови советници, со чија помош тој доаѓа до решенија - како да се надмине проблемот, во кој е западнат.

Во оваа претстава се говори за алчноста на едно дете, кое е ненаситно на подароци и постојано мисли дека се што носи Дедо Мраз во својата торба е само за него. Тој не го чека Дедо Мраз, како сите други дечиња со огромна радост, за да го гушне и да му ја шепне својата новогодишна желба туку очекува оваа година Дедо Мраз да му ги донесе најскапите подараци, гледајќи на него низ призмата на алчноста. Сите заплети, комични ситуации на барање на подароци ќе завршат во моментот кога Марио ќе дознае дека неговата сестра има покачена температура. Тогаш ќе разбере дека долгоочекуваните подароци повеќе не му се важни, туку најважно е здравјето на неговата сестричка. Најпосле сфаќа дека нема ништо повредно од заедничката радост со која ја дочекуваат здрави Новата Година, и за прв пат Дедо Мраз те сакам и јас, ќе биде кажано искрено, за разлика од претходно.Претставата е исполнета со многу хумористични ситуации и изобилува со новогодишни песни.