СЛЕДНИ НАСТАНИ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 25 дек. 2025, 12:00 часот ОХРИД КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 27 дек. 2025, 12:00 часот ТЕАТАР КОМЕДИЈА -Скопје КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 27 дек. 2025, 13:00 часот НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА -Скопје КУПИ БИЛЕТ

     Претставата ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ ПА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ има за цел преку театарско-едукативен пристап, пропратен со забава, хумор, песни и игри, да ги научи децата на основните сообраќајни правила: како се  преминува улица,  препознавање на знаци и сигнализација , безбедно однесување со велосипед/тротинет и сузбивање на стравовите и грешната перцепција за сообраќајната полиција.

     Она што не наведе да ја обработиме оваа тема се честите сообраќајните незгоди, кои не ретко вклучуваат и деца како пешаци, велосипедисти или патници.

     Оваа претстава е продолжение на куклената претстава „ДРУГАРСТВО“ која наиде на одличен прием кај децата. Креирањето на нова претстава со истите урнебесни ликови, дополнително ќе помогне при обработувањето на оваа исклучително важна тема- СООБРАЌАЕН БОН-ТОН.  Трите кукли во природна големина, преку кои на сцена се толкуваат три деца со различни карактери, визуелно ја оплеменуваат оваа претстава, но и внесуваат дополнителна комедија, забава и ритам, кој прави претставата да биде воспримена во еден здив. Карактерот на полицаецот ќе биде единствениот реален лик, се со цел да ја избегнеме карикатуралноста која е присутна кај останатите ликови.

     Преку интеракција со публиката – ќе ги иницираме децата да учествуваат  во дискусијата за тоа кое однесување е добро а кое не, што е правилно а што не, која сигнализција што означува и кој - како во сообраќајот треба да се однесува.

     Овој наш проверен театарско-едукативен пристап,  кој преку забава и интеракција ги едуцира најмладите, е  докажан и сигурен исчекор во процесот на развивање на совесни граѓани во едно општество.