СЛЕДНИ НАСТАНИ
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 26 ноем. 2024, 20:00 часот ДК „З. Рудар - ПРОБИШТИП КУПИ БИЛЕТ
 РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена РАЗВЕДИ МЕ - Две нијанси црвена 01 дек. 2024, 18:00 часот „Паркен“, Трелеборг -Шведска КУПИ БИЛЕТ
ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ 01 дек. 2024, 11:00 часот „Паркен“ Трелеборг - ШВЕДСКА КУПИ БИЛЕТ
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 06 дек. 2024, 20:00 часот Театар Џинот -ВЕЛЕС КУПИ БИЛЕТ
ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ 11 дек. 2024, 20:00 часот МКЦ - Скопје КУПИ БИЛЕТ

ОЖЕНИ МЕ

Режија: Роберт Ристов

 „ОЖЕНИ МЕ“ е насловот на една од двете претстави кои всушност се две поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО на претставите со заеднички наслов „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои се во нераскинлива врска и претставуваат лице и опачина, едната на другата.

Ако мракот значи недостиг на светлината, а црвената ни го означува присуството на љубовта, дали во миговите на бес, при намаленото присуство на светлина, умееме да го согледаме присуството на нијансите на црвена? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската во која се наоѓаме? Дали љубовта треба и да боли или само да нè разнежнува и мотивира да растеме и да се менуваме?  Дали таа е „прекинувачот“ за нашата среќа? Дали љубовта мора да се круниса со БРАК, или бракот е само старомодна архаична институција со која општеството го стигматизира човекот за да може полесно да го манипулира? Дали неверството мора да се запечати со РАЗВОД? Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).

Овие две поглавја на „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“ ќе ве подзамислат, но со сигурност и ќе ве насмеат до солзи.

Драматизацијата на двете претстави Роберт Ристов ја работеше по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.

Во претставата „Ожени ме“ играат младите актери Изабела Јакимова и Бранко Атанасов, а изведувач во живо е и саксафонистот Бобан Цветановски. Проектот „Ожени ме“ е финансиран од Министерството за култура на РСМ  и Општина Гази Баба. Автор на костимите, а воедно и спонзор на истите, е Елена Лука. Режијата и сценографското решение се на Роберт Ристов.