СЛЕДНИ НАСТАНИ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 16 дек. 2025, 12:00 часот ДК „Злетовски рудатр“ - ПРОБИШТИП КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 18 дек. 2025, 10:00 часот ВИНИЦА КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 20 дек. 2025, 12:00 часот КОЧАНИ (откупена) КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 22 дек. 2025, 10:00 часот Св. Николе (откупена) КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 23 дек. 2025, 10:00 часот СКОПЈЕ КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 27 дек. 2025, 12:00 часот ТЕАТАР КОМЕДИЈА -Скопје КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 28 дек. 2025, 11:00 часот СКОПЈЕ (откупена) КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 29 дек. 2025, 12:00 часот СКОПЈЕ (откупена) КУПИ БИЛЕТ
МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ МИЊОНИТЕ И ДЕДО МРАЗ 30 дек. 2025, 13:00 часот ОХРИД (плоштад) КУПИ БИЛЕТ

НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈ ПИВОТО!

Театарска комедија во премиерно издание на новоотворениот независен “ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ” Скопје. Ова е театарска претстава (комедија), во која до самиот крај ќе паѓаат маските и ќе се откриваат ликовите низ опасна, еротична и многу комична игра, која ни го покажува градот каде никој не знае, не гледа и чувствува со страв.

Градот и спратот каде главната улога ја игра пивото како потреба, власт, проблем и страст. Градот каде  отворено и без срам се лаже и импровизира, со цел да се нахрани егото кое гледано од страна е доста сатирично. Место каде никој не сака, не љуби, секој е заглавен во детската мисла за се’, но далеку од себе. Ова е претстава што низ фино приближување на публиката кон оваа тематика, низ многу комични ситуации прави секој да се опушти,  искрено и слатко да се насмее.

Низ тројната сплетена игра на Јулија, Слободан и Срџан, ќе може да се види една табу тема која градот сленговски ја нарекува срамота. Додека трае една сензуална игра меѓу Јулија и Слободан, што прават сопрузите? Што е поважно, чест или пиво, а можеби пари?