| СЛЕДНИ НАСТАНИ | |
|
РАЗВЕДИ МЕ
11 јан. 2026, 20:00 часот
Рума - Р. Србија
КУПИ БИЛЕТ
|
Претставата е наменета токму за оваа возраст и баш затоа одлично комуницираше со публиката. Доказ за тоа се силните реакции на децата за време на интерактивните моментитите, во кои актерите ги поттикнуваа да реагираат и дадат свое мислење. На крајот претставата беше завршена со заедничко пеење на новогодишна песничка и споделување на убави желби за НОВА ГОДИНА!!! Силниот аплауз, на крајот од претставта беше уште еден доказ за тоа дека Театар Провокација, секогаш знае да одбере тема и ликови кој ќе го држат вниманието на децата за време на целата претстава.
Претставата, покрај тоа што е забавна, има и силна воспитна порака. Главната идеја е дека само со добрина и чиста мисла можеме да успееме во нашите намери.
Децата на природен и ненаметлив начин се поттикнуваат на другарство, соработка, одговорност и почитување на трудот.
Во претставата играат: Роберт Ристов, Радо Алексовски и Мирјана Поповска Ристов.
РЕЖИЈА , текст и сценографија: Роберт Ристов
11 јан. 2026, 20:00 часот
Рума - Р. Србија